Достапни линкови

logo-print

Индиректни израелско - палестински преговори


Денеска почнуваат индиректни преговори меѓу Израел и Палестинците. Информацијата ја соопшти првиот преговарач на палестинците Саеб Еракат, кој во Рамала рече дека денеска двете страни почнале да разговараат. Изјавата на палестинскиот преговарач следи по неговата средба со специјалниот американски пратеник на блискиот исток Џорџ Мичел, кој воедно е и посредник во преговорите. Претходно, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху побара директни разговори меѓу двете страни. Палестинците и Израел ги обновуваат контактите по 18 месеци.
XS
SM
MD
LG