Достапни линкови

Одбележан крајот на Втората светска војна


Трупите на НАТО денеска маршираа низ Црвениот плоштад во Москва, со што се одбележа 65 годишнината од победата над фашизмот и крајот на Втората светска војна. Станува збор за најголема парада од падот на Советскиот сојуз. Имаше крв и солзи и имаше еден избор: победа или робување. Војната не` претвори во силна нација, рече во своето обраќање рускиот претседател Димитриј Медведев. Денеска за прв пат на настанот учествуваа војници од САД, Франција, Британија и Полска. Во парадата беа вклучени и 127 руски борбени авиони, тенкови и нуклеарни ракети. Дваесетмина лидери од целиот свет присуствуваа на свеченоста, меѓу кои и претседателот на Кина Ху Џинтао, германскиот канцелар Ангела Меркел и шефови на држави од поранешниот советски блок.
XS
SM
MD
LG