Достапни линкови

Дванаесетмина загинати во експлозија во руски рудник


Дванаесетмина рудари загинале денеска во експлозија во рудник за јаглен во Русија. Експлозијата била предизвикана од запалливи гасови. Четириесетмина се повредени а шеесетмина се заробени во затрупаниот рудник во Сибирскиот регион на земјата. Спасувачките операции за сега се суспендирани поради страв од нови експлозии, соопштија локалните власти. Во времето на експлозијата во рудникот имало 300 работници.
XS
SM
MD
LG