Достапни линкови

logo-print

Истрага во Пакистан за бомбата во Њујорк


Официјален Исламбад ќе спроведе истрага за можната поврзаност меѓу пакистанските милитанти и човекот кој се обидел да го разнесе својот автомобил во центарот на Њујорк. Осомничениот Фазал Шазад им кажал на американските власти дека бил обучуван во племенскиот регион во Вазиристан, каде оперираат и терористичката Ал Каеда и пакистанските милитанти. Министерот за внатрешни работи на Пакистан Реман Малик рече дека властите добиле официјално барање за спроведување на истрага за случајот од американските власти. Пакистанската полиција добила дозвола да ги испрашува роднините на осомничениот, за кого се смета дека го поставил автомобилот бомба на Тајмс Сквер во центарот на Њујорк минатиот викенд.
XS
SM
MD
LG