Достапни линкови

Денеска се одржува „Скопски Маратон 2010“


Низ улиците во Скопје денеска ќе се одржи најголемата традиционална спортска манифестација „Скопски Маратон 2010“. Манифестацијата на која се очекува да настапат над 3.000 маратонци и годинава се реализира под покровителство на Град Скопје, а во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Вкупниот награден фонд изнесува 10 илјади евра. Предвидени се три трки. Главниот маратон ќе биде со должина од 42,2 километри, полумаратонот е со должина од 21,1 и рекреативната хуманитарна трка ќе биде со должина од пет километри. Сите трки ќе стартуваат од улицата „Димитрија Чуповски“, а целта е на плоштадот „Македонија“. Маратонот низ улиците на Скопје се одржува на Денот на Европа. По тој повод, евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере одлучи да биде ко-покровител и да помогне за успешно организирање на трката.
XS
SM
MD
LG