Достапни линкови

Папата прифати оставка на германски бискуп


Папата Бенедикт шеснаесетти денеска ја прифати оставката на германски бискуп кој се соочува со обвинениа за педофилија и финансиски малверзации во дом за деца. Бискупот Валтер Микса од Аугсбург си поднесе оставка откако призна дека пред десетина години тепал деца. Оставката на бискупот следи откако германските власти ги обелоденија сомненијата дека бискупот можеби злоупотребувал малолетници.
XS
SM
MD
LG