Достапни линкови

logo-print

Утре нов состанок на лидерите од еврозоната


Кога ќе се отворат пазарите во понеделник, веќе ќе имаме воспоставено механизам за одбрана на еврото, рече денеска францускиот претседател Николас Саркози, пред утрешната средба на лидерите од еврозоната. Лидери од 16 земји утре би требало да разговараат за формирање на нов фонд, во кој ќе се вложуваат милијарди евра со цел да се одржува стабилноста на заедничката европска валута. Меѓу другото се најавуваат и за сега неспецифицирани контролни механизми со кои ќе се дисциплинираат шпекулаторите, кои наводно придонеле кон намалувањето на вредноста на еврото. Неделава еврото забележа рекордна загуба во вредноста покрај американскиот долар поради стравувања од негативните ефекти од грчката должничка криза.
XS
SM
MD
LG