Достапни линкови

Иванов: секоја политика без духовност е неодржлива


,,Дијалогот е најсигурен пат до мирот, а конференциите како оваа се одговор на горливото прашање за вистинските модалитети за живеење на дијалогот, во време кога нетолерантноста и ксенофобијата се закануваат да го уништат неговото постоење,, изјави претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов во обраќањето на Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во Охрид. Иванов истакна дека од особено значење е утврдување на модалитетите на дијалогот меѓу религиите оттаму што, како што рече, секоја политика без духовност е неодржлива.
XS
SM
MD
LG