Достапни линкови

Бомбашот на Тајмс Сквер во Њујорк бил „осамен волк“


Американскиот генерал Дејвид Петреус, командант на операциите во Ирак и во Авганистан денеска изјави дека осомничениот за бомбашкиот напад на Тајмс Сквер во Њујорк е "осамен волк".Шахзад Фаисал бил инспириран од милитантите во Пакистан, но немал директен контакт со нив, изјави Петреус. Шахзад пак на иследниците им изјавил дека бил во терористички камп за обука во Пакистан, но тоа засега не е потврдено. Тој е роден во Пакистан, а подоцна станал американски граѓанин. Тој е обвинет за обид за терористички напад пред скоро една недела во Њујорк Тајмс Сквер. Тој бил фатен во понеделникот вечер во обид да ги напуштат Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG