Достапни линкови

logo-print

Оли Рен - еветуалните последици од Грција како од Леман Брадерс


Евентуалниот банкрот на Грција би можел да има последици еднакви на оние од банкротот на инвестициската банка Леман Брадерс, предупреди денеска еврокомесарот за економски прашања Оли Рен.
Тој во интервју за финскиот неделник „Соумен Кувалехти“ нагласи дека банкротот на Грција може да го парализира меѓународниот финансиски систем и да предизвика светска рецесија. Европските економии се толку тесно поврзани една со друга, така што ниту една земја нема да биде поштедена од последиците, додаде Рен.
XS
SM
MD
LG