Достапни линкови

Милошоски - се уште бараме решение со Грција


Европа не може да биде цела и обединета без Балканот, рече мегу другото, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски на денешната конференција „ЕУ-интеграцијата на Балканот“ во Стокхолм, јави МИА
Милошоски рече дека Европскиот совет се уште ги нема прифатено препораките на Европската Комисијата од минатата година за почеток на пристапните преговори.
Шефот на македонската дипломатија изјави дека се уште се бара заедничко прифатливо решение за разликите околу името во рамките на процесот во ОН. Милошоски ја поздрави иницијативата на шпанското претседателство за одржување на Министерскиот состанок ЕУ - Западен Балкан во Сараево за кој рече дека е важен за создавање на нов ЕУ-момент на Балканот оваа година.
XS
SM
MD
LG