Достапни линкови

Конзервативците победници, но без апсолутно мнозинство



Според сеуште нецелосните резултати од парламентарните избори во Велика Британија, победници се конзервативците со освоени околу 300 пратенички места, на второ место се лабуристите со 252 места, а на трето либерал – демократите со 53 места. Сепак, по 3 децении Велика Британија за прв пат ќе има парламент без сигурно мнозинство, бидејки има вкупно 650 пратенички места. Лидерот на конзервативците Дејвид Камерун изјави дека владата на Лабуристите, по 13 години, го загуби мандатот од гласачите.
XS
SM
MD
LG