Достапни линкови

Се уште има екстремисти на Балканот, оцени Јанкуловска


На Балканот се уште има екстремисти кои се подготвени своите криминални мотиви да ги понудат во рамките на нечии политички агенди, оцени министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во обраќањето по повод Денот на македонската полиција. Притоа, Јанкуловска ги истакна и резултатите што ги постигнала полицијата минатата година, наведувајки дека биле процесуирани околу илјада случаи и пријавени околу илјада и 500 лица, осомничени за економски и организиран криминал, од кои 500 носители на јавни функции и службени лица.
XS
SM
MD
LG