Достапни линкови

logo-print

Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог


Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог

Во Охрид започна конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог под мотото „Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите". Експертите велат дека конференцијата треба да се искористи за афирмирање на меѓурелигиската толеранција со која Македонија може да се пофали.

Толеранцијата не смее да се сфати како давање на своето, туку како почитување на заедничкото, рече премиерот Никола Груевски на отоворањето на Втората конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид.

Премиерот Груевски на отварањето на Конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог
„Животот сепак е културен натпревар, но не мора да се убиваме или поробуваме едни со други наметнувајќи ги нашите цивилизации,
Животот сепак е културен натпревар, но не мора да се убиваме или поробуваме едни со други наметнувајќи ги нашите цивилизации, култури и религии над сите останати.
култури и религии над сите останати. Наместо тоа, кога имаме отворен дијалог помеѓу нас и кога меѓусебно подобро ќе се запознаеме и кога го почитуваме и љубиме другиот како личност, тогаш воочуваме дека нашите разлики почнуваат да бледнеат и ги откриваме нашите црти.“

Мотото на оваа конференција е „Религијата и културата- нераскинлива врска меѓу народите“. Поранешниот претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците Цане Мојановски вели дека овие конференции треба да се искористат токму за афирмирање на меѓукултурната у меѓурелигиска толеранција со која, според него, Македонија може да се пофали. Тој смета дека на други места на Балканот каде што има слична ситуација како во Македонија, толеранцијата не е на такво ниво како во земјава. Ваквите конференции треба да ги промовираат и афирмираат историските искуства што ги има Македонија и Македонците, вели Мојановски.

Конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог
,,Македонија се наоѓа на една раскрсница во Европа, каде што се среќаваат повеќе религиски системи и културни традиции и
Македонија се наоѓа на една раскрсница во Европа, каде што се среќаваат повеќе религиски системи и афирмацијата на тие вредности се особено присутни во живеењето на овие простори.
афирмацијата на тие вредности се особено присутни во живеењето на овие простори."

Мојановски вели дека организирањето на вакви конференции е еден од облиците за промовирање на овие вредности. Првата ваква конференција се одржа во Охрид во 2007 година. Учесниците на претходната конференција во Охрид се потпишаа на Декларацијата за унапредување на меѓуверскиот дијалог, разбирањето и заедништвото во нивната мисија. Тие заклучија дека „Слободните општества можат да се создаваат само при постоење на слободни личности, кои се целосно суверени во својата религиозна, културна, етничка и каква и да е друга определба“. Организатор на Конференцијата е Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници. Подршка на конференцијата дадоа УНЕСКО и Фондацијата на холокаустот и Евреите во Македонија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG