Достапни линкови

Киргистан побара екстрадиција на екс Претседателот Бакиев


Привремената влада на Киргистан официјално побара екстрадиција на соборениот претседател Курманбек Бакиев од Белорусија. Бакиев побара засолниште во Минск по насилните протести против неговото владеење минатиот месец. Привремени власти на Киргистан го сметаат одговорен за насилствата во кои загинаа 85 луѓе. Белорускиот претседател Алеаксандар Лукашенко изјави дека барање за екстрадиција за Бакиев е безнадежно.
XS
SM
MD
LG