Достапни линкови

Турција - отворен патот за уставни промени


Турскиот парламент изутрината го одобри нацрт законот доставен од владејачката Партија на правдата и развојот за промени во Уставот. Документот за реформа на судскиот систем и на улогата на армијата треба да биде потпишан од претседателот Абдула Ѓул по што треба да биде организиран референдум во рок од 60 денови.Опозицијата смета дека уставните промени се обид да се засили влијанието врз судскиот систем и се ставаат под закана секуларните принципи на државата.
XS
SM
MD
LG