Достапни линкови

logo-print

Милошоски на конференција за евроинтеграцијата на Балканот


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Стокхолм ќе учествува на конференцијата „ЕУ интеграција на Балканот“ на која е предвидено да говори за напредокот на Македонија во процесот на интегрирање во ЕУ, како и за претстојното претседателство на Македонија во Советот на Европа. Милошоски вчера во Стокхолм се сретна со неговиот колега од Шведска, Карл Билд. По средбата Милошоски изјавил дека Шведска и натаму ги поддржува евроинтеграциите на Македонија и сака напредок во македонско- грчкиот спор за името.
XS
SM
MD
LG