Достапни линкови

Тежок ден на американската берза


Американската берза доживеа еден од најтурбулентните денови во историјата, откако индустрискиот индекс Дау Џонс за само половина час падна за речиси илјада поени поради загриженоста дека грчкиот должнички проблем може да го сопре глобалното економско заздравување, известува новинската агенција Асошиетед Прес. Пред затворањето на тргувањето на берзата индексот успеа да се покачи за 347 поени. Новинските агенции пренесуваат дека инвеститорите се разочарани што Европската Централна Банка не презела нови мерки за да се спречи ширењето на грчката криза.
XS
SM
MD
LG