Достапни линкови

Самораспуштен белгискиот парламент


Парламентот на Белгија гласаше за самораспуштање, со што е отворен патот за одржување предвремени избори на 13 јуни, на само две недели пред земјата да го преземе претседавањето во Европската Унија. Самораспуштањето на парламентот беше очекувано, откако минатиот месец се распадна владејачката коалиција поради несогласувањата на кој јазик да зборуваат политичарите. Несогласувањата настанаа откако политичарите не можеа да се договорат дали во изборната единица Брисел ќе се зборува на холандски, јазикот на кој зборува мнозинството, или на француски на кој зборува малцинството.
XS
SM
MD
LG