Достапни линкови

Шефот на иранската дипломатија се сретна со западни дипломати


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки во Њујорк се сретна со членови на Советот за безбедност и претставници на Соединетите Американски Држави, јавуваат западните новински агенции. Амбасадорите на Соединетите Држави, Британија и на Франција не присуствуваа на вечерата со Мотаки, но испратија пониско ниво на дипломати. Иран се соочува со четврта рунда на санкции на Обединетите Нации, поради нуклеарната програма за која Западот се сомнева дека е насочена кон развој на нуклеарно оружје. Техеран инсистира дека производството на ураниум е само за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG