Достапни линкови

logo-print

„Газпром“ нема да се спои со „Нафтогаз“


Украинскиот претседател Виктор Јанукович рече дека не го подржува рускиот предлог за спојување на компанијата „Газпром“ со украинската државна компанија за гас „Нафтогаз“. Новинската агенција „Униан“ ја пренесува изјавата на Јанукович кој рекол дека предлогот на рускиот премиер Владимир Путин бил „неочекуван“, но од друга страна „тоа не значи дека Украина ќе го земе предвид ваквиот предлог“. Од Европската унија, пак, соопштија дека не би сакале да се мешаат во предлогот за спојувањето на двете државни компании.
XS
SM
MD
LG