Достапни линкови

logo-print

Британија гласа


Повеќе од 44 милиони жители на Британија денеска се во можност да гласаат на парламентарните избори во земјата. Изборните набњудувачи предвидуваат дека излезеноста ќе биде 70 проценти а првичните резултати се очекуваат доцна вечерва. Доколку ниту една партија не добие мнозинство од 650 места во парламентот, победничката партија ќе мора да создаде коалициска влада. Ова е вообичаено во многу европски земји, но невообичаено за Британија. Според одредени анкети, денеска се води тесна битка меѓу Лабуристите на досегашниот премиер Гордон Браун и опозициските Конзервативци, на чело со Дејвид Камерон.
XS
SM
MD
LG