Достапни линкови

Грчката криза има реперкусии и во Македонија


Текстилна фабрика во Прилеп

Текстилна фабрика во Прилеп

Кризата на грчката економија има свои реперкусии и врз работата на грчките инвеститори во Прилеп кои имаат ангажирано повеќе од 1000 работници во областа на текстилот. Според нив, затварањето на фирмите и намалениот пласман на готовите производи на грчкиот пазар, предизвикува загуби.

Кризата во грчката економија има свои реперкусии и врз работата на грчките инвеститори во Прилеп, кои имаат ангажирано повеќе од 1000 работници во областа на текстилот. Тие тврдат дека затворањето на фирмите и намалениот пласман на готовите производи на грчкиот пазар предизвикува сериозни финансиски турбуленции, па бизнисмените се принудени да бараат нови пазари во другите соседни држави. Од друга страна, грчките стопанственици се жалат и на актуелната светска финансиска криза и прогнозираат дека оваа 2010 година на бизнис-план ќе биде многу потешка од претходната.

„Слушам, околу се зборува дека кризата не надминала, но тоа не е точно. Повеќе фирми овде се поврзани со работата со многу европски фирми. Штом во Европската унија постои криза, не може овде да не постои“,
Слушам, околу се зборува дека кризата не надминала, но тоа не е точно. Повеќе фирми овде се поврзани со работата со многу европски фирми. Штом во Европската Унија постои криза, не може овде да не постои.
вели Ефтимиос Василопулос, сопственик на конфекција која во Прилеп успешно работи повеќе од 10 години, со вкупно 370 работници.

Како член на Регионалната и Стопанската комора на Македонија, Василопулос вели дека во повеќе наврати до надлежните министерства се предлагани низа мерки кои би го подобриле работењето, не само на грчките инвеститори туку воопшто на стопанствениците, но без успех. Тој смета дека би се подобриле условите за стопанисување доколку и сега се скрати техничката постапка за извозните контингенти и доколку двојно се намалат придонесите за вработените.

Грција - излог на продавница во Атина
„Кога би била пониска царинската стапка на суровините и репроматеријалите или доколку бидеме ослободени од некои царински давачки, тогаш би биле поконкурентни во извозот“

Грчките сопственици сметаат дека со примена на овие мерки, побезболно ќе ја надминат кризата, ќе го зголемат обемот на производството, а со зголемен обрт и државата ќе оствари повисок девизен прилив. Но, стопанствениците забележуваат дека
Кога би била пониска царинската стапка на суровините и репроматеријалите или доколку бидеме ослободени од некои царински давачки, тогаш би биле поконкурентни во извозот.
наспроти оние кои доследно ги почитуваат законските регулативи, во Македонија законските прописи не важат за сите бизнисмени.



„Законите да важат за сите, е тоа што би сакал јас. Знам дека во оваа држава, законите не важат за сите“, забележува Василопулос.

Иземајќи ја оваа кочница во работењето, според него, генерално условите за стопанисување во Македонија се добри. Затоа освен фабриката, отворил трговска мрежа за пласман на женска и детска конфекција во 16 градови во државава, а освен извозот во неколку европски земји, планира годинава да го прошири својот бизнис во Албанија, на Косово и во Србија.
Сепак, тој забележува дека доколку стопанскиот амбиент стане неповолен, се разбира дека бизнисмените би размислувале да го преселат својот капитал во другите држави.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG