Достапни линкови

Потпишан меморандум за соработка во здравството меѓу Македонија и Косово


Министрите за здравство на Македонија и на Косово, Бујар Османи и Бујар Букоши денеска во Приштина потпишаа Меморандум за соработка во здравството. Спогодбата, според ресорните министри, значи рамка врз основа на која ќе се прави акциски план и ќе се прецизираат деталите во областа на здравството и медицинските науки. Здравствениот систем во Македонија е познат и признат за сите граѓани во Косово бидејќи голем дел од нив се лекуваат во нашите болници, а спогодбата ќе ја олесни достапноста на услугите, рече Османи. Косовскиот министер за здравство Букоши по средбата изјави дека констатирал оти постои безрезервна воља за соработка од македонска страна.
XS
SM
MD
LG