Достапни линкови

logo-print

Саркози и Меркел бараат построги правила во еврозоната


Францускиот претседател Николас Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел побараа воведување на построги правила за надгледување на буџетите во еврозоната. Во заеднички допис до францускиот весник „Ле Монде“ двајцата лидери велат дека шеснаесетте нации кои го користат еврото мора да воведат строг контролен механизам, со цел да се избегнат кризи како грчката. Во петокот лидерите на земјите од еврозоната одобрија пакет помош за Грција тежок 110 милијарди евра со цел земјата да се извлече од задолженаоста. Во меѓувреме, еврото денеска бележи рекорден пад во однос на американскиот долар во изминативе 14 месеци.
XS
SM
MD
LG