Достапни линкови

Македонско претседателство со Советот на Европа


Власта треба да извлече поука од одлуката Македонија да преседава со Комитетот на министри на советот на Европа, под логото, „македонско претседателство“. Од таа одлука тие треба да сфатат што значи да се биде дел од една организација, велат политичарите од опозицијата.

Комитетот на Министри на Советот на Европа вчера донел одлука на логото под кое ќе претседава земјава, да се наоѓа стилизираното македонско знаме со логото на Советот на Европа, пропратено со текст на англиски јазик „Македонско претседателство 2010“. Ова лого и терминот ќе се користат наредните 6 месеци кога Македонија ќе претседава со Советот, а привременета референца ПЈРМ ќе се користи
Што значи да сте член во една организација, значи рамноправен член, бидејќи статусот на Грција е еднаков со статусот на Македонија како членка на организацијата и што значи ако сте како Грција член во ЕУ и НАТО, а Македонија надвор.
во обраќањето бидејќи земјата под тоа име е примена во Советот на Европа. Во соопштението на Советот на Европа на неколку пати е напишано и македонско претседателство, „македонски власти“ или „македонска влада“.
Од МНР велат дека е важно наредните шест месеци да се покаже дека земјава е конструктивна и одговорна членка, која промовира добрососедски односи, придонесува за развојот на Европа и регионот, и заслужува да биде членка на ЕУ и НАТО. Политичарите од опозицијата, пак, велат дека од оваа одлука треба да се извлече поука.

„Што значи да сте член во една организација, значи рамноправен член, бидејќи статусот на Грција е еднаков со статусот на Македонија како членка на организацијата и што значи ако сте како Грција член во ЕУ и НАТО, а Македонија надвор. Низ овој пример најдобро може да сфатиме зошто Грција е во предност, зошто Грција секогаш ќе биде во предност и што треба Македонија да направи за да го добие тоа што го сака“, вели Андреј Жерновски од ЛДП.

Во СДСМ, пак, велат дека одлуката да се користи „македонско претседателство“ е најголем доказ за тоа што значи кога си член на една организација, а што кога си надвор од неа.
Кога си на масата зборот ти тежи заедно со сите останати, кога си надвор од клубот треба преку разни форми да се обидуваш ставовите и интересите да им ги доближиш на земјите членки. Мислам дека поуката за власта е јасна, дека иднината е во европските и НАТО интеграциите


„Кога си на масата зборот ти тежи заедно со сите останати, кога си надвор од клубот треба преку разни форми да се обидуваш ставовите и интересите да им ги доближиш на земјите членки. Мислам дека поуката за власта е јасна, дека иднината е во европските и НАТО интеграциите“, вели Андреј Петров од СДСМ.

Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Еден од принципите за кои се залагаат е промовирање и стимулирање на развојот на европскиот културен идентитет и разноликост. Македонија е рамноправна членка и затоа може да си го задржи правото да претседава под име кое самата ќе си го избере.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG