Достапни линкови

Иран сака Бразил да посредува за нуклеарното прашање


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во принцип се согласил Бразил да се обиде да го заживее договорот за смена на нуклеарното гориво што го предлагаат Обединетите нации. Претходно бразилскиот претседател Луис Инацио Лула да Силва изјави дека неговата земја е подготвена да помогне во изнаоѓањето решение во спорот со иранската нуклеарна програма. Според договорот, Техеран би требало да испраќа ураниум во странство во замена за нуклеарно гориво за реакторите во Иран.
XS
SM
MD
LG