Достапни линкови

logo-print

Филе: за почеток на преговорите решава Советот на ЕУ, a не ЕК


,,Многу практично би било Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија заедно со Исланд. Тоа ќе ја зајакне нејзината европска перспектива, но Европската комисија нема институционална одговорност да решава за старт на преговорите, туку тоа е одлука на Советот на Европската унија,,. Ова, како што јавува МИА, го наведува еврокомесарот за проширување Штефан Филе во одговорот на писмото што до него го испрати словенечкиот европратеник Јелко Кацин. Филе во писмото наведува дека преговорите кои се водат под покровителство на Обединетите Нации околу спорот за официјалното име на Македонија остануваат клучни за успешно продолжување на европските интеграции на земјата. Кацин официјалниот допис до Филе го испратил на 23 март по најавата дека Исланд ќе добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата. Тој предлага истовремено да и биде доделен датум и на Македонија.
XS
SM
MD
LG