Достапни линкови

logo-print

Европските лидери загрижени за судбината на еврозоната


Европските лидери искажаа загриженост за судбината на еврозоната, откако во Грција избија насилни протести против планот за намалување на трошоците.
Германската канцеларка Ангела Меркел оценува дека еврото е во најголема криза во неговото 11-годишно постоење. Финскиот премиер Мати Ванахен признава дека спасувањето на Грција можеби нема да го спречи ширењето на финансиската нестабилност. Францискиот премиер Франсоа Филон, пак, оцени дека заедничката европска валута е нападната од финансиски шпекуланти.
Во вчерашните протести во Грција загинаа тројца луѓе. Премиерот Јоргос Папандреу ги осуди насилствата, а претседателот Каролос Папуљас оцени дека земјата е на работ на амбис.
XS
SM
MD
LG