Достапни линкови

logo-print

Договор за добрососедските односи со Бугарија


Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски

Бугарија нема територијални претензии кон Македонија, а тоа го докажавме како земја која што меѓу првите ја призна земјата под Уставното име, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, кој во Скопје се сретна со својот македонски колега Антонио Милошоски. Двете земји ќе работат на продлабочување на добрососедските односи, изјавија двајцата министри.

Има основа за заеднички и продуктивен договор за добрососедски односи меѓу Бугарија и Македонија. Ова го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по средбата со неговиот бугарски колега Николај Младенов во Скопје. Дадовме коментари на нацрт-документот што го добивме од Софија, кои одат во прилог на создавање на еден краен производ корисен за двете страни, вели Милошоски.
И текстот кој што го добивме од Софија и репликата што ја испративме е во насока на создавање на еден заемно прифатлив текст во кој што ќе бидат потенцирани начините, мерките и параметрите како државите можат меѓусебно повеќе да се помагаат.


„И текстот кој што го добивме од Софија и репликата што ја испративме е во насока на создавање на еден заемно прифатлив текст во кој што ќе бидат потенцирани начините, мерките и параметрите како државите можат меѓусебно повеќе да се помагаат, повеќе да се респектираат и повеќе да создаваат еден добар имиџ за регионот пред институциите на ЕУ.“

Бугарија сака со потпишувањето на еден ваков договор да покаже дека две независни држави можат да бидат пример на Балканот за добрососедски односи, вели Младенов. На прашањето дали Бугарија има териотријални претензии кон Македонија тој одговори дека неговата земја не се плаши од Македонија, напротив таа е прва која ја призна Македонија под уставното име.

„Бугарија нема територјални претензии кон Македонија и верувам дека и Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Се надеваме дека набргу Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО и сите такви прашања ќе бидат ирелевантни.“
Бугарија нема територјални претензии кон Македонија. Се надеваме дека набргу Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО и сите такви прашања ќе бидат ирелевантни.


Бугарскиот министер Николај Младенов


Заедничките чествувања на некои историски настани според Млaдeнов не се компромитирачки за независноста на Македонија. Подобро е кога сите заедно и одаваат чест на историјата и тоа Балканот одамна требало да го научи, вели тој.

„Колку повеќе се навлегува во тие теми и не се гледаат како историски, туку како политички прашања, толку повеќе проблеми може да се создаваат. Македонија е независна држава, наш сосед и наш пријател.“

Најважно според двајцата министри е да се фокусираат на прашања за иднината, а не за минатото, како што е инфраструктурата и изградба на железничка линија од Скопје до Софија. Тие ги потврдија и номинациите за новиот македонски амбасадор во Бугарија, Благој Ханџиски и на бугарскиот амбасадор во Македонија, Симеон Раковски Лашев.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG