Достапни линкови

Построга контрола на патниците во САД


Американските власти од денеска поажурно ќе ја проверуваат листата на лица на кои им е забрането да патуваат со авион, откако на осомничениот терорист, кој се испрашува за поставувањето на автомобил бомба на Тајмс Сквер, му беше дозволено да се качи на авион кој се подготвувал да полета за Дубаи. Осомничениот Фаисал Шахсад бил запишан на листата на патници кои не смеат да користат авиопревоз. Американските власти ќе инсистираат авиокомпаниите поажурно да проверуваат дали нивните потенцијални патници се наоѓаат на оваа листа.
XS
SM
MD
LG