Достапни линкови

logo-print

Пад на берзата во Атина


Основниот индекс на Атинската берза загуби уште 5,4 проценти од вредноста, продолжувајќи ја тенденцијата на опаѓање од почетокот на неделава. Вчера, пак, тргувањето на Атинската берза заврши со драстичен пад поради, како што сметаат аналитичарите, опасноста од проширувањето на грчката криза во други земји од еврозоната. Стравувањата од грчката криза, кои допринесоа за пад на еврото во однос на американскиот долар, денеска ги потресоа и берзите во Европа и Азија.
XS
SM
MD
LG