Достапни линкови

Закажани изборите во Босна и Херцеговина


Изборите во Босна се закажани за 3 октомври годинава. Шефицата на државната изборна комисија Ирена Хаџиабдич изјави дека се очекува околу 3 милиони жители на земјата со право на глас да излезат на изборите, шести по ред од конфликтот кој траеше до 1995 година. На изборите ќе се гласа за членови на претставничкиот дом на Парламентарното собрание, членови на претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, за претседател и за потпретседател и за Собранието на Република Српска и за пратеници во кантоналното Собрание на Федерација.
XS
SM
MD
LG