Достапни линкови

Падот на еврото ги тресе азиските берзи


Рекордниот пад на еврото ги потресе азиските берзи. Берзанските индекси во Хонг Конг и Шангаи денеска бележат пад, откако вчера во минус затворија и берзанските индекси на пазарите во САД, Шпанија и Португалија. Падот на еврото во однос на американскиот долар исто така предизвика и намалување на цената на нафтата. Вчера барел нафта се продаваше за околу 83 долари, што претставува пад на вредноста на суровината за 4 проценти.
XS
SM
MD
LG