Достапни линкови

Протести во Грција, полицијата фрла солзавец


Грчката полиција со солзавец им се спротистави на демонстрантите кои се бунат против владините мерки за штедење, воведени со цел земјата да добие пакет помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Протестите се случуваат за време на генералниот штрајк поради кој воздушниот сообраќај е во прекин и повеќето јавни сервиси не работат. Жителите на Грција се загрижени дека владините мерки може да предизвикаат зголемување на даночните давачки и кратење на пензиите. Во меѓувреме, германскиот Парламент денеска почна со дебатата за предлогот на Грција да и се испрати најголемиот дел од првата рата помош. Предвидено е во следниве три години Грција, која е заглавена во долгови, да добие 110 милијарди евра помош.
XS
SM
MD
LG