Достапни линкови

Нема ниту причина, ни потреба а ни сериозни индикации дека годинава ќе се одржат предвремени парламентарни избори, оценуваат дел од домашните аналитичари со кои разговаравме.

Посетителите на нашата интернет страница кои одговориле на анкетното прашање: „Дали сте за предвремени избори?“, имаат поделени мислења. Половина од речиси 600 луѓе, што одговориле на анкетното прашање се против избори. Нешто помал број, пак, би сакале избори.
Ако ги анализираме изјавите на претставниците на ДУИ, тие неколку пати кажаа дека тие можат да живеат дури и да не добиеме датум за преговори или ако не го решиме прашањето за името до јуни. Тоа беше изјава официјално дадена од лидерот на ДУИ.


Политикологот Владимир Мисев вели дека предвремени парламентарни избори не се потребни, ниту пак има некаква сериозна криза во државата за да бидат одржани. Тој потсетува дека и премиерот и други функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ неколку пати во изминатиов период повторуваат дека не планираат предвремени избори.

Според него, нема индикации дека ДУИ може да ја напушти владата и со тоа да изврши притисок за одржување предвремени избори, ако Македонија не добие датум за преговори за членство во ЕУ, за време на шпанското претседателство со Унијата.

„Ако ги анализираме изјавите на претставниците на ДУИ, тие неколку пати кажаа дека тие можат да живеат дури и да не добиеме датум за преговори или ако не го решиме прашањето за името до јуни. Тоа беше изјава официјално дадена од лидерот на ДУИ. Иако внатре во ДУИ има несогласувања околу тоа прашање, и таа партија како и останатите е лидерска партија со силно изграден лидер и сметам дека зборот на лидерот доста се почитува и таму.“

Мисев вели дека Македонија има побитни проблеми од предвремени избори, кои во суштина и не би промениле многу.
Предвремени избори воопшто не се потребни, а не се ниту можни. Тоа ќе биде погубно за Република Македонија ако во овој хаосен момент се оди на предвремени избори. Мислам дека клучно прашање е решавање на проблемот со името.

„Не гледам што суштински би и` променило на владеачката гарнитура доколку победат повторно. Ако реално ги гледаме рејтинзите на политичките партии сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе пратеници.“

Професор Мерсел Биљали се согласува дека предвремени избори се апсолутно непотребни.

„Предвремени избори воопшто не се потребни, а не се ниту можни. Тоа ќе биде погубно за Република Македонија ако во овој хаосен момент се оди на предвремени избори. Мислам дека клучно прашање е решавање на проблемот со името.“

Политикологот Владимир Мисев вели дека ако Македонија не добие датум за преговори по наредниот извештај на Европската комисија, може да почне да се создава атмосфера за предвремени избори, кои би се одржале наредната пролет.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG