Достапни линкови

Претседателот Иванов на економски самит во Истанбул


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре во Истанбул ќе учествува на 13. Евроазиски економски Самит во организација на Мармара фондацијата. На првиот ден од Самитот ќе биде дадена оценка на енергетските стратегии и очекувањата во светот за и по 2010 година, за гасоводот Набуко и неговото влијание врз Кавкаскиот регион, Блискиот Исток и Централна Азија. Иванов ќе се обрати утре, кога учесниците ќе дискутираат за глобалната финансиска криза, координацијата и регионална соработка, а ќе стане збор и за економијата и туризмот. На Самитот покрај Иванов ќе учествуваат и неколку сегашни и поранешни престедатели на држави, претставници на земји од Централна Азија, Европа, Блискиот Исток, Далечниот Исток, Америка и Африка, како и на 32 меѓународни организации.
XS
SM
MD
LG