Достапни линкови

Шефот на бугарската дипломатија во Македонија


Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Покрај разговорите со својот домаќин, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, шефот на бугарската дипломатија ќе биде примен и од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и од премиерот Никола Груевски. Во фокусот на разговорите меѓу двајцата министри ќе бидат билатералните односи, особено можностите за продлабочување на економската соработка и напредокот во процесот на европското и евроатлантското интегрирање на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG