Достапни линкови

Запатеро: кризата од Грција нема да се прелее во Шпанија


Шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро ги демантира шпекулациите дека кризата од Грција би можела да се прелее во неговата земја и оти Шпанија би можела да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд. По неговата средба во Брисел со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и со претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, Запатеро ги нарече вистинска лудост тврдењата дека Шпанија може да побара помош од ММФ во износ од 280 милијарди евра. Сепак, тој изрази загриженост дека таквите шпекулации би можеле да влијаат врз берзите во неговата земја и врз нејзината економија.
XS
SM
MD
LG