Достапни линкови

logo-print

Станици за полнење електрични возила во Австрија


Компанијата „Телеком Австрија“ планира да ги претвори своите телефонски говорници во станици за полнење на електрични автомобили. Од компанијата велат дека идеата е предложена поради тоа што телефонските говорници веќе подолго време не се употребуваат, поради популарноста на мобилната телефонија. Во Австрија моментално има само 223 електрични автомобили и 3,500 хибридни возила од вкупно 4 милиони коли. Од друга страна, австриската асоцијација за моторни возила предвидува дека бројот на автомобили на електричен погон значајно ќе порасне до 2020 година.
XS
SM
MD
LG