Достапни линкови

logo-print

Обама: Инцидентот на Тајмс Сквер е отрезнување


Неуспешниот напад во центарот на Њујорк на Тајмс Сквер е уште едно „отрезнувачко предупредување за безбедносните закани“ изјави денеска американскиот претседател Барак Обама. Низ целиот свет и овдека има луѓе кои би нападнале невини мажи, жени и деца, се` со цел да ја исполнат нивната агенда за убивање, рече денеска претседателот, откако американските власти потврдија дека уапсиле еден осомничен американски државјанин со пакистанско потекло во врска со поставениот автомобил бомба во еден од најфреквентните делови на Њујорк. Обама, во своето обраќање во Вашингтон, рече дека властите го испрашуваат осомничениот и проверуваат дали тој бил поврзан со терористички организации.
XS
SM
MD
LG