Достапни линкови

Според извештајот за евроинтеграциите на Македонија на Институтот Отворено Општество, земјава нема да добие датум за преговори со ЕУ до јунскиот сами во Брисел. Оттаму предупредуваат дека итно мора да се преземат мерки, бидејќи Владата се движи спротивно од европските приоритети.

Извесно е дека Македонија нема да добие датум за отпочнување на пристапни преговори со Европската унија до јунскиот самит во Брисел. Ова е заклучокот од петтиот извештај за следење на евроинтеграциите на Македонија на Институтот отворено општество и Македонскиот центар за европско образование. Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование предлага да се направи конференција во Брисел, две три недели пред Самиот.
Таа конференција не треба да ја прави Владата, многу е битно да не биде Владата, таа конференција треба да ја направи Мешовитиот Комитет на Македонија и ЕУ.


„Таа конференција не треба да ја прави Владата, многу е битно да не биде Владата, таа конференција треба да ја направи Мешовитиот комитет на Македонија и ЕУ. Тоа значи дека заеднички со пратеникот Зоран Талер ќе треба да дојдат пратеници и други претставници од Македонија да дојдат во Брисел и да дискутираат за многу битни прашања што ја засегаат Македонија.“

Димова додава дека на таква конференција ќе треба да присуствуваат новинари и експерти од Македонија, Грција и Европска унија и да зборуваат за чувствителните прашања за спорот со името и патоказот за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан.

„И да побараат донесување на Декларација со која се гарантира македонскиот идентитет. Зошто ова го зборувам?! Затоа што можеме да се надоврземе со договорот од Лисабон, со кој би можело да добиеме декларација со кој се гарантира македонскиот јазик и идентитетот на македонската нација. Мислам дека ова е изводливо.“
Првиот начин на кој што се прави тоа е комплетното урнисување и дискредитирање на Парламентот.


Таквата декларација треба да биде однапред направена и да биде добро подготвена тема на разговор. Фани Канфиловска Пановска од Институтот отворено општество вели дека итно мора да се преземат мерки затоа што заклучоците од извештајот покажуваат дека сега Владата се движи спротивно од европските приоритети.

„Првиот начин на кој што се прави тоа е комплетното урнисување и дискредитирање на Парламентот. Практично постоење и тенденциозно блокирање на дијалогот во Парламентот, бојкот на скоро сите политички партии во Парламентот, на различи нивоа, на различни тела.“

Димова очекува дека по јунскиот самит не очекуваат предвремени избори кои ќе не одалечат од европската агенда. Таа додава дека со следната претседателска тројка која ќе заседава со ЕУ - Полска, Данска и Кипар од јули 2011-та година проширувањето ќе се видоизмени затоа што Унијата тогаш ќе се насочи кон поранешните советски членки како Укранина и Молдавија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG