Достапни линкови

Во недостаток од суштински реформи, во напливот на нови приватни болници кои нудат врвни услуги, јавното здравство е пред колапс. Според здравствените работници, потребно е да се направи здрав концепт за тоа какво здравство ни е потребно.

Во здравството се помалку пари и се полоши услуги. Врвното здравство е пред колапс и поради силната конкуренција од приватните хоспитални центри кои имаат и далеку посовремена опрема. Во таа конкуренција пациентите и лекарите се во постојан судир – болните се лутат за негрижата, докторите на недостиг на опрема, лекарства и финасиски средства.
Било која власт она што треба да го направи е како во еден систем да се прибираат тие средства. Ние во моментов сме сведени на полнење на монополот односно Фондот за здравство.


„Населението мора да знае дека здравството е економска категорија и дека особено во услови на ограничен буџет може да се обезбеди одредено ниво и одреден обем на услуги“, вели професорот Жарко Караџов, кој не успеа во обидот да се изгради државна кардиохирургија која ќе ја демонополизира прватната клиника Филип Втори.

Тој и натаму е познат оператор на клиниката за дигестивни болести, но затоа, пак, професорот Андреја Арсовски, екс-директор на Клинички, замина во првата приватна клиника Ремедика.

„Пред се тука се подобрите услови за работа, нормално подобрите примања, но една од исто така битните причини е недостаток на опрема, недостаток на материјали во системот на јавното здравство.“

Високите бонуси кај приватните болници не го подобри и матерјалниот статус на тие што останаа и се лојални на јавното здравство што е во функција на една социјална држава, вели професорор и невриохирург Кирил Лозанче.

„Секој сака да работи во подобри услови со подобри материјални приходи. Во неврохирургијата потешко е да се работи приватно. Ако се направи таков центар и нормално со повисоки плати, верувам дека и јас би го напуштил.“
Ние не знаеме какво јавно здравство сакаме, какви центри сакаме, немаме концепција.


Луѓето треба да се навикнат дека треба да платат за да добијат целосна и најдобра здравствена заштита. Кога менталниот склоп кај пациентите ќе се промени тогаш и работите во здравството ќе тргнат кон подобро. Но за тоа треба да се создадат услови и за формирање на приватни фондови од каде ќе се наплаќаат услугите за специјални третмани, оценува Никола Панчевски од Систина.

„Било која власт, она што треба да го направи е како во еден систем да се прибираат тие средства. Ние во моментов сме сведени на полнење на монополот односно Фондот за здравство.“

„Ние не знаеме какво јавно здравство сакаме, какви центри сакаме, немаме концепција“, коментира Кирил Лозанче од Клиниката за неврохиорургија.

Трансформацијата и лошо спроведените реформи се само дел од причините за константното тонење на јавно здравсто, е впечатокот на оние кои си замина и кои се уште се дел од државните клиники.

„Има недостаток на силни реформски движења. Конечно дефинирање на пакетот на здравствени услуги кој што осигурениците може да ги добијат со своето осигурување“, вели Андреја Арсовски од Ремедика.
XS
SM
MD
LG