Достапни линкови

Казнети руски државни службеници за затворски инцидент


Руските власти отпуштиле висок државен службеник и покренале кривична постапка против друг службеник во врска со смртта на жена во еден од руските затвори. Вера Трифонова, директорка на фирма за недвижности, во петокот починала во затвор пред да биде сослушана на суд за наводна инволвираност во голема измама. Како што соопштија нејзините адвокати, педесет годишната жена страдала од бубрежни проблеми и диабетис. Руските власти отпуштија државен службеник вработен во канцеларијата на јавниот обвинител. Друг службеник добил кривична пријава.
XS
SM
MD
LG