Достапни линкови

Казнета забулена жена во Италија


Полицијата во Италија казнила жена затоа што носела бурка во јавност. Дваесет и шест годишната жена добила казна од 500 евра, поради тоа што нејзиниот сопруг не им дозволил на полицајците да и` го видат лицето. Се верува дека станува збор за прва казна од ваков вид во Италија. И покрај тоа што нема конкретен закон кој го забранува носењето шамија, во земјата е забрането покривање на лицето во јавност, па дури и со кацига за мотор, од 1975 година. Денешниот инцидент во градтот Новара се случи во услови на големи тензии во меѓународната заедница во врска со забулувањето. Францускиот парламент деновиве би требало да дискутира за имплементирање на забрана за носење шамии.
XS
SM
MD
LG