Достапни линкови

Фуере повторно го осуди насилството


Користењето на насилство во секоја ситуација треба да се отфрли и не може да биде решение за постоечките проблеми. Ова е заедничкиот став на Европската унија, НАТО и ОБСЕ, што денеска го повтори евроамбасадорот Ерван Фуере за време на неговата посета на Кавадарци. Евроамбасадорот додаде дека Владата, меѓу другото, треба да продолжи со напори за целосно и успешно спроведување на Охридскиот рамковен договор и промовирање клима на меѓуетнички соживот. Запрашан за слободата на медиумите, Фуере рече дека политиката продолжува да се меша во новинарството. Амбасадорот на ЕУ најави дека вечер повторно ќе испрати порака до политичките партии дека е добро во својот политички тек да користат еден граѓански тон кој ќе ја води земјата кон Унијата.
XS
SM
MD
LG