Достапни линкови

Преговорите за Кипар продолжуваат на 24 Мај


Преговорите за обединување на Кипар, што беа прекинати минатот месец заради претседателските избори во Северен Кипар, ќе бидат обновени на 24 мај, соопшти специјалниот претставник на ОН за Кипар Александар Даунер. Кипарскиот претседател Димитриос Христофиас и досегашниот лидер на кипарските Турци Мехмет Али Талат преговорите ги водеа од септември 2008 година под покровителство на Обединетите Нации Сега место Талат во преговорите ќе учествува новоизбраниот претседател на Севернокипарската турска република Дервиш Ероглу.
Даунер вчера разговараше со Ероглу, а денеска има средба со кипарскиот претседател Христофиас.
XS
SM
MD
LG