Достапни линкови

Штрајковите во Грција почнуваат денеска


Грчката Федерација на државни службеници денеска организира 48-часовен штрајк против новиот владин пакет мерки за штедење. Синдикатот на 500 илјади државни службеници најави засилување на протестите, кои се смета дека негативно ќе се одразат врз воздушниот транспорт заради учеството на авиодиспечерите. Утре на штрајкот на државните службеници ќе им се приклучи и Синдикатот на вработените во приватниот сектор.
Протестите се одговор на пакетот мерки за намалувања на трошоците , кои премиерот Јоргос Папандреу ги соопшти во неделата. Мерките се дел од спогодбата склучена со ЕУ и ММФ, која предвидува драстично штедење во Грција во следните три години во замена за финансиска помош во висина од 110 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG