Достапни линкови

Се одбележува 107- годишнината од смртта на Гоце Делчев


Денеска ќе бидат одбележани 107 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Пред неговото почивалиште во црквата Свети Спас во Скопје цвеќе ќе положат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, делегација на град Скопје и претставници на политички партии и институции. Традиционално ќе се додели и наградата Гоце Делчев за 2010 година.
XS
SM
MD
LG