Достапни линкови

Бериша: Охридскиот договор величенствено постигнување


Албанскиот премиер Сали Бериша во Тирана се сретна со лидерот на ДПА во Македонија, Мендух Тачи. Тие разговараа за последните случувања на политички план во двете земји, движењето и напредокот во евроатланските интеграции. Бериша изјави дека Охридскиот договор претставува величенствено постигнување за Албанците и оти неговото целосно спроведување не е само од голем интерес на Албанците, туку и за сите граѓани во Македонија. Бериша претходно оствари средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG